Аплицирај за работа
Оваа платформа е твојата можност за кариера во ЕВН Електрани. Тука ќе најдеш вистински можности за професионален развој, поддршка и напредок во динамична и иновативна средина. Избери ја својата иднина и започни ја кариерата таму каде што се создаваат нови енергетски решенија!
Работна средина и култура во ЕВН Електрани
Во ЕВН Електрани негуваме култура на соработка, иновација и одговорност. Нашата работна средина е динамична, поддржувачка и насочена кон личен и професионален раст. Веруваме во тимска работа, отворена комуникација и почитување на различностите.
За ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
EВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје е компанија за производство на електрична енергија. Ние сме дел од групата компании што ја сочинуваат ЕВН Македонија АД.
Нашата компанија управува со 11 мали хидроцентрали, кои се ревитализирани и целосно автоматизирани. Нивната вкупна инсталирана моќност изнесува 47 MW, додека просечното годишно производство изнесува 140 GWh. Ваквото производство на годишно ниво обезбедува електрична енергија за околу 20.000 домаќинства. Во 2010 година нашите електрани остварија рекордно производство од 218 GWh.
ЕВН Електрани поседува 6 фотоволтаични централи со вкупно 20 MW инсталирана моќност и просечно годишно производство од 28 GWh.
Како компанија, ЕВН Елeктрани негува корпоративна култура што се темели на заштита на животната средина, постојано вложувајќи во сопствените капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.