Предности и бенефиции
-
Кариера и развој
Во ЕВН Електрани добиваш можност за континуирано учење, обуки, професионален раст и развој.
-
Флексибилнo работно време
Флексибилно работно време во период помеѓу 06:00 - 21:59.
-
Здравје и заштита при работа
Коучинг за ментално здравје,за заштита при работа, дополнителни здравствени прегледи. Учество во спортски настани и активности.
-
Стабилност и награди
Заедно градиме одржлива иднина, со почит, доверба и тимска енергија.
-
Платформа за дигитално учење - ELI
Дигитална алатка за учење, развој и обука достапна во секое време и од било каде.
-
Работа на далечина
Можност за флексибилен начин на работа преку дигитална поврзаност, без физичко присуство во канцеларија.
-
Јубилејни награди
Јубилејни награди за вработените се признанија што компанијата ги доделува на вработените кои достигнале значајни годишнини во својата работа.
-
Настани за вработени
Активности што ги поврзуваат вработените, градат тимска култура и носат позитивна енергија на работното место.
За ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
EВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје е компанија за производство на електрична енергија. Ние сме дел од групата компании што ја сочинуваат ЕВН Македонија АД.
Нашата компанија управува со 11 мали хидроцентрали, кои се ревитализирани и целосно автоматизирани. Нивната вкупна инсталирана моќност изнесува 47 MW, додека просечното годишно производство изнесува 140 GWh. Ваквото производство на годишно ниво обезбедува електрична енергија за околу 20.000 домаќинства. Во 2010 година нашите електрани остварија рекордно производство од 218 GWh.
ЕВН Електрани поседува 6 фотоволтаични централи со вкупно 20 MW инсталирана моќност и просечно годишно производство од 28 GWh.
Како компанија, ЕВН Елeктрани негува корпоративна култура што се темели на заштита на животната средина, постојано вложувајќи во сопствените капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.