ЕВН Македонија Електрани Дооел Скопје како работодавач
ЕВН Македонија Електрани Дооел Скопје, нуди можност за професионална надрадба и напредување, како и флексибилна работа по највисоки стандарди.
За ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
EВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје е компанија за производство на електрична енергија. Ние сме дел од групата компании што ја сочинуваат ЕВН Македонија АД.
Нашата компанија управува со 11 мали хидроцентрали, кои се ревитализирани и целосно автоматизирани. Нивната вкупна инсталирана моќност изнесува 47 MW, додека просечното годишно производство изнесува 140 GWh. Ваквото производство на годишно ниво обезбедува електрична енергија за околу 20.000 домаќинства. Во 2010 година нашите електрани остварија рекордно производство од 218 GWh.
ЕВН Електрани поседува 6 фотоволтаични централи со вкупно 20 MW инсталирана моќност и просечно годишно производство од 28 GWh.
Како компанија, ЕВН Елeктрани негува корпоративна култура што се темели на заштита на животната средина, постојано вложувајќи во сопствените капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.